среда, 12. декември 2018. Вести денес: 162
home Вести

Малиот обожавател на Меси мораше да го напушти својот дом во Авганистан поради напади на талибанците

Малиот обожавател на Меси мораше да го напушти својот дом во Авганистан поради напади на талибанците

Муртаза Ахмади седумгодишен фан на фудбалерот на Барселона, Лео Меси, кој стекна интернет-слава со својот дрес што сам го направи дома, мораше да го напушти својот дом во југоисточната покраина Газни поради напади на талибанците.

Семејството на Муртаза е меѓу луѓето кои мораа да го напуштат Џагори откако талибанците го нападнаа тоа подрачје во ноември. Семејството најмило мала соба без греење во Кабул.

Малиот љубител на фудбал привлече внимание на социјални мрежи откако беше фотографиран со „дрес“ од сино-бела пластична кеса на која напиша Меси и бројот 10. Откако се прошири „приказната“ и до Меси, тој се сретна со него во Катар во 2016 година.