сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 25
home Вести

Макрон вербално нападнат заради пожарите во Амазонија

Макрон вербално нападнат заради пожарите во Амазонија

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на напади на Твитер заради притисокот врз бразилскиот претседател Жаир Болсонаро да преземе акции за справување со пожарите во Амазонија.

Еден од навредливите твитови беше на бразилскиот министер за образование Абрахам Вејнтрауб.

„Макрон не е на ниво на оваа дебата. Тој е само опортунистички кретен кој бара поддршка од француското аграрно лоби“, напиша министерот откако Макрон се спротистави на договорот за слободна трговија ЕУ-Меркосур.

„Франција е држава на крајности. Таму се родени Декарт и Пастер, но исто така и колаборационисти со нацистите од Втората светска војна“, додаде Вејнтрауб.

„Французите одбраа претседтаел без карактер. Тој кретен Макрон треба да биде нападнат, гласи твитот на бразилскиот министер за образование.

Во петокот синот на претседателот Болсонаро – Едуардо, кој е пратеник и иден нов амбасадор во Вашингтон, објави на Твитер видео снимки од протестиоте на Жолтите елеци во Франција со текст: „Макрон е идиот“.

Олаво де Карваљо, писател и „гуру“ на Жаир Болсонаро, кој живее во САД, си поигра на Твитер со презимето на Макрон и го нарече – „Макрокон“ (од Macron и con, што на француски значи „глупак“).

Коронавирус