вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 104
home Вести

Макрон предлага создавање Фонд за поддршка на локалните заедници кои прифаќаат бегалци

Макрон предлага создавање Фонд за поддршка на локалните заедници кои прифаќаат бегалци

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска предложи формирање Фонд на ЕУ за поддршка на локалните заедници кои прифаќаат бегалци.

Како што јави АФП, ваквиот предлог на Макрон се смата за обид за надминување на проблемот со бегалците, кој важи за едно од политички најжешките прашања со кои се соочува Унијата.

-Предлагам создавање на Европска програма преку која директно финансиски ќе бидат поддржани локалните заедници кои прифаќаат и интегираат бегалци, изјави Макрон во обраќањето пред Европскиот парламент, во кое ја презентираше својата визија за иднината на ЕУ.

(Миа)