четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 121
home Вести

Макрон повика на мир и ред во пресрет на новите протести

Макрон повика на мир и ред во пресрет на новите протести

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на мир и ред во пресрет на новите протести на „Жолтите елеци“ закажани за утре, петти викенд по ред.

– Мислам дека нашата демократија не може да прифати окупација на јавно добро и елементи на насилство кои ги одбележаа изминатите протести, посебно во центарот на градот. На нашата земја и е потребен мир и ред. Потребно е повторно нормално да функционира, рече Макрон по самитот на ЕУ во Брисел.

Тој посочи дека ги сослушал барањата на демонстрантите и дека ќе го реализира ветувањето дека набрзо ќе стапат на сила даночните олеснувања.

Макрон ги отфрли повиците да поднесе оставка.

Во очекување на петтиот протест закажан за викендов, шефот на париската полиција рече дека во престолнината повторно ќе бидат распоредени оклопни возила и илјадници полицајци.

Коронавирус