вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 14
home Вести

Макрон побара Израел да не анектира делови од Западениот Брег

Макрон побара Израел да не анектира делови од Западениот Брег

Францускиот претседател Емануел Макрон апелираше до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не ја анектира палестинската територија на Западниот Брег, предупредувајќи го дека тоа ќе значи прекршување на меѓународното право и загрозување на долгорочните мировни напори.

Во денешниот телефонски разговор, Макрон му порачал на Нетанјаху да „се воздржи од преземање на какви било мерки за анектирање на палестинската територија“, соопшти неговиот кабинет.

Макрон ја потврдил посветеноста на Франција за безбедноста на Израел и одлучноста да работи на смирување на тензиите во регионот.

Ситуацијата се влоши во последните неколку недели на Западниот Брег, откако Израел објави дека ќе ги спроведе плановите за анексија на околу 30 проценти од окупираната територија, во согласност со мировната иницијатива за Блискиот исток на американскиот претседател Доналд Трамп. (МИА)

Коронавирус