петок, 4. декември 2020. Вести денес: 4
home Вести

Макрон: Ние сме во војна против коронавирусот!

Макрон: Ние сме во војна против коронавирусот!

Францускиот претседател Емануел Макрон во обраќање до нацијата нагласи дека „ние сме во војна“ против коронавирусот и најави дополнителни ограничувања за движење во Франција.

-Ние сме во војна. Здравствена војна, секако, но војна, рече претседателот во обраќањето, кога најави нови и построги мерки за борба против ширењето на епидемијата на новиот коронавирус во Франција.

-Ве замолувам да останете дома. Ве замолувам да останете смирени, нагласи Макрон.

-Почнувајќи од утре, напладне, целото движење ќе биде силно редуцирано.Средби со вашите пријатели на улица нема да бидат можни.

Коронавирус