четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Макрон на видео конференција со главните донатори за заштита на климата

Макрон на видео конференција со главните донатори за заштита на климата

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска ги собира на видео конференција претставниците на триесетина фондови и меѓународни менаџери на берза кои се обврзаа да промовираат „зелени“ финансии со цел да се борат против климатската вонредна состојба во светот.

Тоа ќе биде трет состанок на работната група „Суверени фондови – Самит на една планета“, создаден по предлог на шефот на француската држава во декември 2017 година.

Групата, пак, порасна на 33 финансиски институции, вклучително и 14 државни фондови, во вредност од 30 илјади милијарди долари или скоро 30 отсто од светските фондови, соопшти кабинетот на Макрон.

Претставници на суверени фондови од Норвешка, Нов Зеланд, Катар, Саудиска Арабија, Индија, Сенегал, Велика Британија, Италија и неколку други европски земји ќе учествуваат на видео конференцијата.

Меѓу финансиските менаџери ќе бидат од „Блекрок“, „Голдман Сакс“, „БНП Парибас“, ХСБЦ, „Натиксис“, „Амунди“, УБС.

Со „Самитот на една планета“, Макрон се обидува да создаде меѓународна коалиција за мобилизирање на приватниот сектор пред глобалното затоплување.

Коронавирус