четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Макрон: Можеби нема да можам да бидам кандидат на изборите

Макрон: Можеби нема да можам да бидам кандидат на изборите

Францускиот претседател Емануел Макрон „не планира ништо“ една и пол година пред претседателските избори во 2022 година, велејќи дека ја научил лекцијата од здравствената криза, бидејќи „се случуваат апсолутно непредвидливи работи“. Тој „не исклучува ништо“, имајќи го предвид начинот на кој Франсоа Оланд се откажа од кандидатурата во 2017 година поради големата непопуларност, јави дописникот на МИА.

– Можеби нема да можам да бидам кандидат, изјави Макрон.

Како досега невидениот избор на неговиот претходник Франсоа Оланд, актуелниот шеф на државата ја замислува хипотезата за силно отфрлање на неговата акција од страна на Французите на крајот на неговиот петгодишен мандат.

-Бидејќи околностите ќе го побараат тоа, можеби ќе треба да направам некои тешки работи во последната година (…), што ќе придонесе да не можам да бидам кандидат, нагласи макрон. Оваа двосмисленост е во контраст со ентузијазмот на неговите веќе декларирани противници, како што се бунтовниот Жан-Лук Меленшон и претседателката на Националниот Собир, Марин Ле Пен.

Спротивно на тоа, непосредната изјава, една и пол година пред изборите, ќе го спречи да ги донесе овие можни „непопуларни одлуки“.

– Ако се ставам во ситуација да бидам кандидат, повеќе не би донесувал правилни одлуки, или „ризикувам“ да го исполнам условот на моментот, рече тој, како што неговите претходници го одложуваа евентуалното влегување во кампања.

– Сè уште живееме во моменти кои се досега незабележани, се оправда Макрон, кој воведе два карантина за населението во борбата против Ковид-19.

И покрај низата кризи, рејтингот на Макрон расте во јавното мислење според анкетата на Одокса-Дентсу Консалтинг за „Фигаро“ и „Франс Инфо“. Самиот шеф на државата уверува дека не ја напуштил целата работа на убедување.

Коронавирус