четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 157
home Вести

Макрон ја прифати оставката на министерот за внатрешни работи Жерар Коломб

Макрон ја прифати оставката на министерот за внатрешни работи Жерар Коломб

Францускиот претседател Емануел Макрон ја прифати оставката на министерот за внатрешни работи Жерар Коломб и побара од премиерот Едуар Филип да ја извршуваа таа функција додека биде назначаен друг министер, соопшти Елисејската палата.

Коломб вчера поднесе оставка вторпат за 48 часови по првичното отфрлање од страна на Макрон.

Тој го образложи ваквиот потег со намерата повторно да се кандидира за градоначалник на Лион, функција која ја извршувал 16 години. Сегашниот градоначалник Жорж Кепенекјан вчера поднесе оставка до властите на департманот Рон. Кога таа ќе биде одобрена, општинскиот совет на Лион ќе има рок од две недели да избере нов градоначалник, кој најверојатно ќе биде 72-годишниот Коломб.

МИА

Коронавирус