четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 193
home Вести

Макрон го повика Џонсон во Париз да разговараат за Брегзит

Макрон го повика Џонсон во Париз да разговараат за Брегзит

Францускиот претседател Емануел Макрон го покани британскиот премиер Борис Џонсон во наредните недели да го посети Париз, соопшти Елисејската палата.

Макрон и Џонсон ќе разговараат за Брегзит, изјави претставник на Елисејската палате, кој додаде дека разговорот на францускиот претседател со британскиот премиер ќе бидат во согласност со барањата на ЕУ во врска со Брегзит.

Двајцата лидери вчера телефонски разговарале.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера му постави ултиматум на Брисел за повторно да преговара за Брегзит или да се соочи со можноста Британија да ја напушти Европската унија без договор.

– Ние сме подготвени да преговараме, со добра волја, за алтернативен договор за Брегзит, рече Џонсон во првото обраќање во Парламентот.

– Ќе се фрлиме во овие преговори со најголема енергија и одлучност, додаде тој.

Џонсон изрази надеж дека лидерите на ЕУ „ќе го преиспитаат нивното сегашно одбивање“ за повторно преговарање за договорот за повлекување на Велика Британија од ЕУ.

– Ако не го сторат тоа, ќе мораме да заминеме без договор, рече тој, додавајќи дека побарал од своите нови министри „главен приоритет“ да им биде подготовка за Брегзит без договор.

Џонсон инсистира на тоа дека Велика Британија мора да си замине од ЕУ до 31 октомври, со или без договор.

МИА

Коронавирус