петок, 4. декември 2020. Вести денес: 35
home Вести

Макрон го поддржа Матарела: Браво за храброста и одговорноста

Макрон го поддржа Матарела: Браво за храброста и одговорноста

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека шефот на италијанската држава Серџо Матарела, кој го одби предлогот на коалициските партии за владата, одигра клучна демократска улога и оцени дека Италија е потребна за европските проекти.

– Сакам да ги изразам моите поздрави и поддршка за претседателот Матарела, кој има важна задача, за институционалната и демократската стабилност на неговата земја, што ја извршува со многу храброст и во духот на големи одговорности, истакна Макрон.

Матарела му даде мандат за состав на нова влада на Карло Котарели, кој обврската, како што е соопштено, „ја прифати со резерва“.

Италијанскиот претседател претходно одби да го прифати евроскептикот Паоло Савони за министер за економија, поради што популистичкиот мандатар Џузепе Конте го врати мандатот.

МИА

Коронавирус