петок, 30. септември 2022. Вести денес: 155
home Вести

Макрон ги исфрли новинарите од Елисејската палата

Макрон ги исфрли новинарите од Елисејската палата

Здружението на француските новинари бара од францускиот претседател, Емануел Макрон, да ја преиспита одлуката за преместување на прес-салата од Елисејската палата во зграда во нејзина близина.

Здружението ја осуди одлуката со образложение дека на тој начин нивната работа ќе биде загрозена. Барање за преиспитување на одлуката испрати и редакцијата на „Франс прес“.

Елисејската палата до летоска ќе ја премести прес-салата која 40 години беше во просториите на претседателската зграда, што новинарите го оценија како политичка волја на претседателот да ги исфрли.

Макрон одржува поинаков однос со медиумските работници, за разлика од неговиот претходник, Франсоа Оланд, кој беше познат дека сака да си разговара со новинарите и надвор од официјалните конференции.

Францускиот претседател веднаш по стапувањето на функцијата предизвика незадоволство кај новинарите бидејќи рече дека неговата канцеларија ќе избира кои новинари ќе ги повикува да одат со него на патувања и дека нема често да им се обраќа на медиумите.

Извори блиски на Елисејската палата наведуваат дека новата прес-сала ќе биде поголема и дека Макрон нема намера да ги исфрли новинарите, туку целта на селењето е од практична природа.

Коронавирус