недела, 20. септември 2020. Вести денес: 59
home Вести

Макрон: Франција ќе ги зајакне безбедносните мерки во појасот Сахел во Африка

Макрон: Франција ќе ги зајакне безбедносните мерки во појасот Сахел во Африка

Франција ќе ги зајакне безбедносните мерки со цел подобро да ги заштити француските државјани во покасот Сахел во Африка, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон, откако во Нигер загинаа шест Французи.

– Ќе направиме се што е во наша моќ да им помогнеме на семејствата на жртвите и ќе одговориме на нападот при што загинаа шестмина наши сонародници и двајца државјани на Нигер. Шестте млади хуманитарни работници на невладината организација Актед демонстрираа неверојатна посветеност на локалното население, напиша Макрон на Твитер.

Тој додаде дека поради тоа одлучил даги интензивира безбедносните мерки за заштите на Французите во тој регион.

– Ќе продолжиме со нашите акции, со помош на нашите сојузници, со цел да се протераат терористичките групи, наведе Макрон.

Во меѓувреме Владата на Нигер ја продолжи вонредната состојба во регионот околу Нимеј и не дозволува пристап до резерватот на жирафи, каде во неделата беа убиени шест француски хуманитарни работници и водичот и возачот, кои беа државјани на Нигер.

Вонредна состојба веќе е воведена и во делови на Тилабери и во областите северно и западно од главниот град на Нигер, а во близина на границата со Мали и со Буркина Фасо.

Изминатите години зголемени се нападите од припадниците на Исламска држава и од Ал Каеда во Нигер, Мали и во Буркина Фасо. (MИА)

Коронавирус