четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Макрон: Европската политичка заедница е надополнување на процесот на пристапување во ЕУ

Макрон: Европската политичка заедница е надополнување на процесот на пристапување во ЕУ

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европската политичка заедница што ја предложи на почетокот на мај претставува надополнување, а не алтернатива на процесот на пристапување во ЕУ, јави дописникот на МИА.

Говорејќи пред Елисејската палата при пречекот на претседателката на Молдавија, Маја Санду, францускиот претседател потсети дека овој нов формат има за цел „да создаде нова рамка за структурирање на соработката, здружувајќи ги демократските европски нации кои се придржуваат до нашата база на вредности и кои се стремат кон или да не влезе во Европската унија“.

–Оваа заедница не е алтернатива на пристапниот процес, туку надополнување кое, независно од него, овозможува посилно структурирање на политичкиот, енергетскиот и инвестицискиот однос со неколку земји кои тоа го посакуваат, рече тој.

Макрон го претстави овој проект на 9 мај пред Европскиот парламент во Стразбур во екот на дебатата за започнување на процесот на пристапување на Украина, во војна против Русија. Тој објасни дека ќе бидат потребни децении за Украина да се приклучи на ЕУ и предложи во меѓувреме таа да биде дел од „Европската политичка заедница“ која може да ја вклучи и Велика Британија, која ја напушти ЕУ во 2020 година или Молдавија.

Овој проект, за кој мора да се дискутира на европскиот самит на крајот на јуни, беше критикуван од некои лидери, како што е литванскиот претседател Гитанас Науседа, според кого тој го одразува недостатокот на волја за брзо интегрирање на Украина во ЕУ.

Коронавирус