четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Макрон бара брз и координиран европски одговор на терористичките закани

Макрон бара брз и координиран европски одговор на терористичките закани

Европските земји мора да обезбедат координиран брз одговор на постојната терористичка закана, нагласи францускиот претседател Емануел Макрон пред новинарите по одржувањето на Европската конференција за борба против тероризмот.

На видео-конференцијата за безбедност учествуваа германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон, австрискиот канцелар Себастијан Курц, холандскиот премиер Марк Руте и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

– Ова е европска реалност и треба да дадеме заеднички одговор на оваа закана, рече Макрон.

Тој ја повика ЕУ да формира Совет за внатрешна безбедност за борба против тероризмот. Според францускиот претседател, заканата за безбедноста на надворешната граница во една од земјите на ЕУ претставува закана за целата заедница.

Макрон, исто така, повика на реформа на Шенген-зоната за да можат да се остваруваат слободи во безбедно опкружување. (МИА)

Коронавирус