среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Макрон: Ако секој ја направи својата работа, можеме да го победиме вирусот

Макрон: Ако секој ја направи својата работа, можеме да го победиме вирусот

Шефот на француската држава Емануел Макрон во моментот кога сите индикатори покажуваат дека во Франција доаѓа вториот бран на епидемијата со Ковид-19, посочи дека „ако секој ја направи својата работа, можеме да го победиме вирусот“, јави дописникот на МИА.

-Ние мора да ги поттикнеме сите и да продолжиме да објаснуваме без да обвинуваме или да инфантилизираме (да ги третираме како деца), објасни Емануел Макрон.

-Ние сакаме да ги идентификуваме пациентите и случаите на контакт, ние сме една од европските земји кои тестираат најмногу и во моментов ги подобруваме нашите системи. Подготвуваме поширока стратегија со нови тестови кои започнуваат во октомври, рече Емануел Макрон, фокусирајќи се на постарите луѓе. „За нив, ние ги зајакнуваме правилата и ограничуваме излегувањата. Ние исто така ги тестираме вработените во домови за стари лица или домашна нега. Ние сакаме подобро да заштитиме без да изолираме“.

На 27 август, премиерот Жан Кастекс предложи да избегнуваат „дедовците и бабите да одат да ги земаат децата од училиште“. Во четвртокот, министерот за здравство Оливие Веран рече „да се измерат жртвите што ги направија старите лица по“ долгите месеци на изолација“, барајќи од нив сепак“ да ги удвојат сите (нивни) напори. Вклучувајќи ја и најтешката, за понатамошно намалување на бројот на луѓе што ги гледаат секој ден“.

Во врска со ограничувањата на социјалниот живот, „ние тоа ќе го правиме според територијата и ние тоа го правиме одговорно, затоа што извлековме поука од пролетта. Треба да бидеме луцидни, строги и пропорционални, рече Емануел Макрон, откако се повеќе се слушаат критики за раководењето со кризата со Ковид-19, посебно со најавениот втор бран.

Коронавирус