среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 113
home Вести

Мајката монструм осудена за убиство се смеела на суд: Ги оставила децата 11 дена сами без храна и вода, таа била со љубовникот (ВИДЕО)

Мајката монструм осудена за убиство се смеела на суд: Ги оставила децата 11 дена сами без храна и вода, таа била со љубовникот (ВИДЕО)

Мајка која своите две мали деца полни 11 дена ги оставила без храна и вода, за да поминува повеќе време со својот љубовник и нивното дете, била осудена поради убиство, јавуваат украинските медиуми.

Владислава Трокхимчук (23) од Киев во Украина не покажала никакво каење ниту за време на судењето, а дури се смеела кога била осудена на затворска казна од осум години, бидејќи намерно ги изгладнувала децата и поради убиство на синот Даниел.

Нејзината 3-годишна ќерка Ана успеала да преживее на тој начин што пиела вода од вазна, но девојчето страдало од хронична неуранетост.

Децата не можеле ниту да ја напуштат својата соба, бидејќи под вратата се наоѓал пешкир. Така, децата гладувале 11 дена, а за тоа време јаделе тапети, гипс, како и сопствениот измет. На ѕидовите биле пронајдени траги од заби, а тие очајнички се обидувале да го отстранат линолеиумот од подот за да отворат празнина под вратата.

Поранешната свекрва на Владислава се обидела да влезе во станот но немала клуч, раскажува за украинските медиуми таткото на децата.

Неговата мајка ги пронашла децата 11 дена подоцна. На полицијата и рекла дека одела да ги посети децата со намирници и играчки.

-Ана лежеше на креветот и спиеше. Ја разбудив, и дадов банана, па потоа ја прегрнав. Тогаш се беше како во страшен сон. Не сфаќам како тоа се случи, вели таа.

Владислава имала за цел да ги изгладнува своите деца, за потоа да објавува нивни слики на социјалните мрежи. Таа сакала светот да мисли дека со децата водат страшен и тежок живот, за да може да собира пари за нивно наводно лекување, било соопштено на судот.

Додека ги оставила своите деца сами дома 11 дена, мајката времето го помнувала со новиот љубовник.
Полициски извор потврдил дека таа се забавувала додека децата се мачеле до смрт. Психијатри оцениле дека таа е ментално способна и дека може да се соочи со судењето.

Судијата ја нарекол „цинична личност без срце“, а осумгодишната казна која и била изречена, предизвикала лутина и бес кај присутните.

-Не можам да најдам изговор за себеси. Секогаш го сакав најдоброто за своите деца. Сонував дека мојот син ќе студира и дека ќе живее подобро од мене. Не можам да разберам зошто Бог ми го зема синот, а мене ме остави во притвор, изјавила мајката на судот.

Меѓутоа, кога и била изречена конечната пресуда, таа почнала да се смее и да ракоплеска со рацете.
Ако се земе во предвид и времето кое Владислава го поминала во притвор од моментот кога се случило злосторството, како и условниот отпуст, таа во затвор ќе помине само уште три години.

Коронавирус