вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 66
home Вести

Мајка преживува хорор: Си ги спасила децата од пожар, но бидејќи не го спасила ОВА ѝ се заканува затвор

Мајка преживува хорор: Си ги спасила децата од пожар, но бидејќи не го спасила ОВА ѝ се заканува затвор

Казна затвор и се заканува на мајка од Северна Кореја откако ги спасила двете деца од пожар во куќата, но дозволила да изгорат портретите на водачите на Северна Кореја, пишува „Дејли Мејл“.

Жената е под истрага на државното Министерство за безбедност, откако избувнал пожар во домот, кој го делеле две семејства во округот Онсонг во провинцијата Северен Хамгјонг, блиску до границата со Кина.

Кога избувнал пожарот, родителите не биле во домот, но откако виделе чад побрзале да го спасат своето семејство, за тоа време, уништен е еден сет портрети.

Северна Кореја бара во секој дом да бидат истакнати портрети од лидерите Ким Ил-Сунг и Ким Јонг-Ил, а испраќа и инспектори за да се осигурат дека граѓаните го спроведуваат тоа.

Според законите на Ермитското кралство, сите прикази на семејството Ким мора да се третираат со иста почит како и самите мажи, а претставува сериозен криминал доколку не успеат да го направат тоа.

Ако биде прогласена за виновна, мајката се соочува со долгогодишна затворска казна пропратена со напорна работа.

Поради истрагата, не може да се грижи за нејзините деца во болница, ниту да ги снабди со антибиотици за нивните изгореници.

За соседите се вели дека биле желни да помогнат, но одлучиле да се тргнат на страна стравувајќи дека мајката ќе биде обвинета за политички криминал.

„Мајката ќе може да се насочи на грижата за своите деца, откако надлежните ќе ја завршат истрагата“, велат одредени извори.

Севернокорејци кои ги „спасувале“ портретите на фамилијата Ким од поплави и пожари се слават како херои, особено ако тие загинат во таквиот обид.