вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 110
home Вести

Мајка отишла на шопинг, бебето го оставила во автомобил: Пожарникарите го спасуваа од дехидрација, а нејзиното однесување е ужасно

Мајка отишла на шопинг, бебето го оставила во автомобил: Пожарникарите го спасуваа од дехидрација, а нејзиното однесување е ужасно

Британската полиција завчера попладне мораше да интервенира во автомобил и да ги скрши прозорците за да спаси 18 месечно момченце, кое го заборавила мајката.

Инцидентот се случи во местото Сафрон Валден во близина на Кембриџ, каде во близина на трговскиоот центар мајка во заклучен и прегреан автомобил си го заборавила бебето.

Кога по еден час се вратила од шопинг, била изненадена што околу автомобилот има пожарникари, полициски и возила на итната помош. Таа рекла дека само накратко излегла да купува, несвесна дека е толку жешко.

Случајот го пријавил минувач, кој поминувајќи низ паркингот го забележал бебето како очајно плаче. Веднаш дошла полицијата и итната помош и на самото место му дале прва помош на дехидрираното и измачено бебе.

На изненадување на насобраните, мајката била нервозна и ги обвинила пожарникарите зашто и го скршиле прозорецот на нејзиот џип.