вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 158
home Вести

Мајка-монструм: Си ги убила трите мали ќерки во Виена

Мајка-монструм: Си ги убила трите мали ќерки во Виена

Полицијата во Виена уапси мајка, жителка на Непал, која ги убила своите три малолетни ќерки.

Жената, која наводно се развела од сопругот, утрово, нешто по пет часот, повикала полиција и рекла дека ги убила децата и дека се обидела да изврши самоубиство.

Таа ги загушила своите три ќерки – бебето старо осум месеци и девојчиња на возраст од три и девет години.

Кога полицијата дошла до станот, ги затекнала безживотните тела на трите девојчиња, а едното дете давало знаци на живот, но и покрај борбата на лекарите, таа починала во болница.

Според полицијата, обидот за самоубиство не предизвикал повреди опасни по живот за жената.

Локални избори 2021