четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

МАЈКА-МОНСТРУМ: Си ги обесила малите дечиња, лажела дека се самоубиле

МАЈКА-МОНСТРУМ: Си ги обесила малите дечиња, лажела дека се самоубиле

Американка (36) е обвинета дека ги обесила сопствените деца во подрумот на нејзината сопствена куќа во Пенсилванија, иако тврди дека нејзината 4-годишна ќерка и нејзиниот 8-годишен син извршиле самоубиство.

„Тоа е страшен и трагичен настан“, рече Џон Адамс, обвинител на округот Беркс, на конференцијата за новинари во понеделникот, по апсењето на мајката Лиса Снајдер.

Мајката, која сама ги одгледувала своите две деца, приведена е по повеќе од два месеци, откако нејзините деца беа пронајдени обесени во местото Албани Тауншип, стотина километри северно од Филаделфија.

Мајката на 23 септември повикала помош, тврдејќи дека во подрумот ги пронашла обесените деца. Спасителите го пронашле постариот син Конер и помладата негова сестра Бринли обесени, и обидите за реанимација биле безуспешни.

Полицијата двапати ја испрашувала мајката Снајдер, и таа рекла дека нејзиниот син во училиште „трпел насилничко однесување и сакал да умре“.

Но, нејзиното сведочење веднаш отвори многу прашања, бидејќи начелно осумгодишниците не се самоубваат, а Конер имал и полесна телесна мана поради која не би можел сам успешно да се обеси.

Серијата на разговори со блиските и со многу луѓе во училиштето покажало дека детето не било жртва на врсничко насилство. Од друга страна, компјутерите и мобилните телефони на мајката покажале дека таа на интернет пребарувала како се спроведува убиство со гушење и со јаглерод моноксид.

Еден од сведоците во случајот рекол дека таа „покажувала знаци на депресија и дека не се грижела за децата“. Мајката Лиса Снајдер е ставена во притвор и не може да излезе ниту со кауција. Пред судот треба да излезе на февруари, а обвинителот се уште не знае дали за неа ќе побара смртна казна.