вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 21
home Вести

Мајка-хероина: Го жртвувала својот живот за да го спаси детето, насилниот татко ја раскасапил и ја запалил

Соседите слушнале како Колопи бара помош, па ја повикале полицијата и пожарникарите. Меѓутоа додека тие стигнале во станот, таа веќе имала претрпено тешки повреди поради кои четири дена подоцна починала во болница.
Мајка-хероина: Го жртвувала својот живот за да го спаси детето, насилниот татко ја раскасапил и ја запалил

Лиан Колопи, 25-годишната мајка од Ротенстол во Англија, станала вистинска мајка хероина, откако го жртвувала својот живот за да го спаси своето двегодишно дете од љубоморниот татко.

Колопи се здобила со 21 убодна рана при нападот на поранешното момче Салим Саид, кој потоа ја полил со бензин и ја запалил.

-Додека пламенот горел на нејзиниот грб, ја чувала двегодишната ќерка во своите раце за да ја заштити од нападот кој се случил во англискиот град Ротенстал, пренесува „Дејли Меил“.

Соседите слушнале како Колопи бара помош, па ја повикале полицијата и пожарникарите. Меѓутоа додека тие стигнале во станот, таа веќе имала претрпено тешки повреди поради кои четири дена подоцна починала во болница. Повреди претрпело и нејзиното дете, но не е животно загрозено. Мајката иако тешко повредена, лавовски го штитела своето дете и на тој начин го спаила и него од нејзината судбина.

Нејзиното второ дете во тој момент не било во станот.

Нападот се случил минатиот јули, а на судењето е установено дека Саид пред убиството купил лисици, леплива трака и бензин со намера да ја убие поранешната девојка бидејќи го оставила.

Установено е дека на интернет пребарувал “како во 16 чекори да се убие некој, а тоа да не се открие“, “како брзо да се запали оган“ и “колку време е потребно некој да се задави“. Колопи и Саид започнале врска во 2015 година и само што стапиле во брак според шеријатските закони.

Меѓутоа, раскинале минатата година кога таа го обвинила за посесивност и насилство. Саид е прогласен за виновен и осуден е на минимална затворска казна во траење од 30 години.

Коронавирус