недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Вести

Мајка фрлила бебе во канализација, го спасиле кучиња скитници (ВИДЕО)

Мајка фрлила бебе во канализација, го спасиле кучиња скитници (ВИДЕО)

Жена од Индија снимена е како фрла новороденче во канализација, но девојчето од сигурна смрт го спасиле кучиња скитници.

Како што пренесува АП, кучињата го пронашле бебето, а потоа почнале да лаат за да на луѓето им укажат дека тука се наоѓа бебето.

Детето било набргу спасено и однесно во болница. Лекарите рекле дека имало среќа што на време било пронајдено.

Медиумите пренесуваат дека ова е уште еден обид за убиство на женско дете, што се уште е голем проблем во некои делови на Индија, каде женското дете го сметаат за економски товар.