вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 21
home Вести

Мајк Пенс со повици за санкции кон Венецуела

Мајк Пенс со повици за санкции кон Венецуела

Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја повика Организацијата на американските држави да го суспендира членството на Венецуела во таа група од 35 земји.

Пенс исто така ги повика членките на Oрганизацијата да ги отстранат лидерите на Венецуела од своите финансиски системи и да воведат визни рестрикции.

Пенс побара од претседателот на Венецуела Николас Мадура да го суспендира одржувањето претседателски избори во земјата на 20 мај, за кои рече дека се „ништо повеќе од измама и срам“.

Заменик министерот за надворешни работи на Венецуела за Северна Америка, Самуел Монкада изјави дека нема шанси изборите на 20 мај да не се одржат.

МИА

Коронавирус