понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мачна и грозна глетка: Убија голем крокодил, а ги згрози тоа што го најдоа во неговиот стомак (ФОТО)

Сопругата на несреќниот работник изјави дека тој заминал во лов на школки за ручек, а очигледно при ловот тој бил уловен од страна на крокодилот.
Мачна и грозна глетка: Убија голем крокодил, а ги згрози тоа што го најдоа во неговиот стомак (ФОТО)

Откако го убија и распараа шест метри долгиот крокодил кој пливаше недалеку од брегот, насобраните на плантажата за производство на палмино мaсло во Калимантно, во индонезискиот дел на Борнео, ги дочека мачна и грозна глетка.

Во утробата на предаторот пронајдоа човечка рака и нога, поради што се сомневаат дека екстремитетите му припаѓаат на 36-годишниот работник на плантажата, Анди Асо Еранг, кој исченал два дена претходно.

На брегот беа најдени неговите сандали и велосипед. Дополнително беше најдено и неговото тело во реката, но му недостигаа екстремитетите.

-Во стомакот на крокодилот најдовме лева рака и нога за кои веруваме дека припаѓале на жртвата, вели шефот на локалната полиција, Теди Ристиаван.

Сопругата на несреќниот работник изјави дека тој заминал во лов на школки за ручек, а очигледно при ловот тој бил уловен од страна на крокодилот.

Коронавирус