понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 120
home Вести

Маас: Германија очекува Брегзит на 31 октомври

Маас: Германија очекува Брегзит на 31 октомври

Германија очекува дека Велика Британија ќе излезе од Европската унија на 31 октомври, изјави денеска шефот на германската дипломатија Хајко Маас.

Тој истакна дека за Берлин е незамисливо повторно покренување на прашањето за договор за излегувањето на Британија од ЕУ.

– Британската Влада јасно стави до знаење дека ако нема договор (за ирската граница), ќе дојде до Брегзит кој не е уреден, посочи Маас, дополнувајќи дека Германија ќе стори сè за да се избегне такво сценарио.

Коронавирус