недела, 27. септември 2020. Вести денес: 44
Во живо

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Вести

МААЕ нема докази дека Иран работи на нуклеарно оружје

МААЕ нема докази дека Иран работи на нуклеарно оружје

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопшти дека нема „никаква сигурна индиција дека Иран се обидувал да се стекне со нуклеарно оружје по 2009 година.

Според МААЕ, прашањето на иранската нуклеарна програма е затворено по извештајот објавен во декември 2015 година.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека  неговата Влада има „половина тон“ тајни ирански документи кои покажуваат дека Техеран има програма за нуклеарно вооружување.

Тој тоа го нарече „големо разузнавачко достигнување“ и тврди дека документите покажуваат оти Иран лажел за своите нуклеарни амбиции пред да го потпише мултилатералниот договор во 2015 година.

Иран негира дека тежнеел да се стекне со нуклеарно оружје.

МИА

Коронавирус