среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 76
home Вести

МААЕ: Иран го почитува договорот за нуклеарни ограничувања од 2015 година

МААЕ: Иран го почитува договорот за нуклеарни ограничувања од 2015 година

Иран и натаму ги почитува главните ограничувања од нуклеарниот договор со светските сили од 2015 година, се наведува во доверлив извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Во вториот квартален извештај откако претседателот на САД Доналд Трамп во мај соопшти дека Вашингтон се откажува од договорот и повторно воведува санкции на Техеран, МААЕ наведува дека Иран се придржува до рестрикциите во однос на збогатениот ураниум, залихите на збогатен ураниот и други ставки.

Во претходниот извештај на МААЕ беше наведено дека Иран би можел да направи повеќе во однос на соработката со инспекторите и со тоа да ја зајакне довербата, пренесува Танјуг. И во најновиот извештај е наведена истата белешка.

„Правовремена и проактивна соработка на Иран, кој овозможи таков пристап, ја олеснува имплементацијата на дополнителен протокол и ја зголемува довербата“, се наведува во извештајот кој им е поделен на земјите-членки на агенцијата за атомска енергија при ОН.

(Миа)