недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 0
home Вести

МААЕ: Иран го крши нуклеарниот договор, почнале со производство на ураниум во метален облик

МААЕ: Иран го крши нуклеарниот договор, почнале со производство на ураниум во метален облик

Иран почна да инсталира опрема за производство на ураниум во метална форма што може да се користи и за нуклеарно оружје, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Иран останува посветен на истражување и развој на производство на метален ураниум со цел „дизајнирање на подобрен вид гориво“, соопшти агенцијата на ОН.

Претставниците на МААЕ претходно ја посетија фабриката во Исфахан, а Техеран вчера ги информираше претставниците на агенцијата на ОН дека „веќе почнале модификации и инсталирање соодветна опрема за споменатите активности за истражување и развој“, се вели во соопштението.

Ова повторно го крши меѓународниот нуклеарен договор што Техеран го постигна во 2015 година со САД, Велика Британија, Германија, Франција, Русија и Кина.

Метален ураниум може да се искористи за производство на атомска бомба, што е експлицитно забрането со договорот. Иран однапред соопшти дека ќе го прекрши договорот, откако САД еднострано го напуштија во 2018 година, и повторно воведе тешки санкции за Техеран.

Коронавирус