сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 8
home Вести

Лукашенко: Во Белорусија нема да има граѓанска војна

Лукашенко: Во Белорусија нема да има граѓанска војна

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека нема да има граѓанска војна во земјата.

– Ако почнете грубо да си ја наметнувате својата волја едни на други, знаете што ќе се случи. Минимум граѓанска војна. Но, не грижете се, тоа нема да се случи, рече Лукашенко, обраќајќи се на локалното население во Барановичах.

Тој рече дека не е заинтересиран за власт, туку дека не сака алтернативни сили да ја распарчат земјата.

Лукашенко вети дека Белорусија ќе одговори на санкциите што и ги воведе Западот.

Во Белорусија се одржуваат протести на опозицијата, која не ја признава победата на Лукашенко на претседателските избори одржани на 9 август. (МИА)

Коронавирус