вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 14
home Вести

Лукашенко потпиша указ за трансфер на претседателските овластувања во случај на негова смрт

Лукашенко потпиша указ за трансфер на претседателските овластувања во случај на негова смрт

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко потпиша указ со кој се дозволува пренесување на претседателските овластувања на Советот за национална безбедност, во случај да биде убиен или од кои било други причини онеспособен да ја извршува претседателската должност.

„Документот предвидува дека во случај на смрт на шефот на државата при атентат, терористички акт, надворешна агресија или други насилни акти, сите државни органи и нивните службеници ќе постапуваат во согласност со одлуките на Советот за безбедност, со кои претседава премиерот“, се наведува во указот.

Минатиот месец, Лукашенко најави дека планира промени на постојните механизми на управување во Белорусија, кои предвидуваа премиерот да го преземе претседателството во случај претседателот да не е во можност да ги извршува своите должности.

ЕУРО 2020

Македонија