четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Лукашенко најави модернизација на армијата поради случувањата во Украина

Лукашенко најави модернизација на армијата поради случувањата во Украина

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска најави модернизација на вооружените сили на таа земја поради случувањата во Украина.

Тој на состанокот во Министерството за одбрана за обезбедување воена безбедност истакна дека по настаните во Украина се изменети принципите за модернизација на белоруската армија.

Лукашенко објасни дека во Белорусија учат лекции во врска со развојот и опремувањето на нивните војници врз основа на искуството од „спроведување на руска воена специјална операција во Украина“.

Белорускиот претседател оцени дека Минск ќе се соочи со „притисок без преседан“.

Тој посочи дека вежбите на НАТО во близина на границите на Белорусија може да доведат до можни воени операции во иднина.

Коронавирус