понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 132
home Вести

Лукашенко го именува Курбаков за нов министер за внатрешни работи

Лукашенко го именува Курбаков за нов министер за внатрешни работи

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска го смени министерот за внатрешни работи Јури Карајев и заедно со уште двајца безбедносни претставници именуван е за соработници на претседателот.

За нов министер за внатрешни работи е именуван Иван Курбаков, кој беше началник на полицијата во Минск.

Карајев синоќа изјави дека власта нема да се двоуми да употреби боева муниција против демонстрантите, ако биде неопходно за да се задушат протестите поради реизборот на Лукашенко. Тој додаде дека полицијата за време на протестите била премногу толерантна кон демонстрантите и најави пожесток одговор.

Карајев истакна дека голем број полицајци се повредени за време на протестите.

Протестите во Белорусија траат од 9 август, откако Лукашенко беше реизбран за претседател, а опозицијата тврди дека изборите се фалсификувани и бара негова оставка.

Коронавирус