понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 17
home Вести

Луѓето во светот потажни, погневни и поуплашени од кога било досега

Луѓето во светот потажни, погневни и поуплашени од кога било досега

Три емоции во 2018 година рекордно се зголемиле втора година по ред. Луѓето ширум светот се потажни, погневни и поуплашени од кога било досега, се наведува во годишниот извештај за глобалната состојба на емоциите на американскиот аналитичко-истражувачки центар Галуп.

Од позитивна страна, забележано е пониско ниво на стрес, што севкупно значи дека човештвото во 2018 година се чувствувало подеднакво несреќно како и во 2017 година.

Неславната титула за најнегативна земја на светот ја понесе Чад, а следуваат Нигер, Сиера Леоне и Ирак.

Од друга страна, најпозитивни биле латиноамериканските држави.

Американскиот аналитичко-истражувачки центар Галуп во 2018 година одржа 151.000 интервјуа со возрасни луѓе во повеќе од 140 држави.

Коронавирус