недела, 16. мај 2021. Вести денес: 51
home Вести

Луфтханза откажа над 800 летови поради штрајк на германски аеродроми

Луфтханза откажа над 800 летови поради штрајк на германски аеродроми

Авиокомпанијата „Луфтханза“ откажа повеќе од 800 летови од германски аеродроми поради штрајк.

Германски синдикат соопшти вчера дека негови членови денеска ќе организираат штрајк на најголемиот германски аеродром во Франкфурт.

Штрајк ќе биде организиран и на аеродромот во Минхен. Ќе штрајкуваат и сервисните служби, градинките и вработените во локалната администрација.

Синдикатите бараат зголемување на платите за шест отсто или најмалку 200 евра за 2,3 милиони вработени во јавниот сектор.

Коронавирус