понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 62
home Вести

Луазо за својот мачор по име „Брегзит“. Сака надвор, а кога ќе му ја отворам врата, не излегува

Луазо за својот мачор по име „Брегзит“. Сака надвор, а кога ќе му ја отворам врата, не излегува

Француската министерка за европски прашања Натали Луазо изјави дека нејзиниот мачор го нарекла Брегзит поради неговиот нерешителен карактер, јави „Индепендент“.

Таа за едно француско списание рекла дека нејзиниот миленик секое утре гласно мјаукал за да го пушти да излезе надвор, но потоа одбивал да излезе.

– Секое утре ме буди со силно мјаукање затоа што сака да излезе надвор, и потоа кога ќе ја отворам вратата, тој останува внатре, неодлучен, а потоа зјапа во мене кога ќе го извадам, изјави Луазо која ја предводи француската делегација во преговорите за Брегзит.

Француската министерка за европски прашања треба да биде главен кандидат на партијата на францускиот претседател Емануел Макрон на претстојните избори за Европскиот парламент, а главна соперничка ќе и биде Марин Ле Пен, која се надева дека ќе ги предводи екстремните десничари, пишува „Индепендент“.

Луазо има цврст, а понекогаш и провокативен став во преговорите за Брегзит, и досега ги соборувала речиси сите предлози на Велика Британија и постојано предупредува на ризиците од Брегзит без договор.

Коронавирус