недела, 27. септември 2020. Вести денес: 39
Во живо

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Вести

Ловец си го застрелал брат му, мислел дека е елен

Ловец си го застрелал брат му, мислел дека е елен

Маж од Мичиген случајно го застрелал својот брат додека во саботата биле во лов на елени.

Двајцата мажи ловеле во областа Бостон Тауншип, околу 200 километри северозападно од Детроит и барале елен кој еден од нив претходно веќе го ранил, пренесува Си-ен-ен.

Околу 17:30 часот по локално време, тие се разделиле во густо поле со пченка. Еден од нив помислил дека го забележал еленот и пукнал со пушката, но по грешка го застрелал братот.

Оној што пукал веднаш повикал брза помош и повредениот брат бил пренесен со хеликоптер во болница во Гранд Рапидс. Тој е во сериозна, но стабилна здравствена состојба.

Иако точната причина за пукањето не е утврдена, двајцата браќа соработувале целосно со истражителите и се верува дека станува збор за несреќа.

 

Коронавирус