сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 95
home Вести

Лоша вест за пушачите во Милано: Од денеска се забранува пушење на јавни места

Лоша вест за пушачите во Милано: Од денеска се забранува пушење на јавни места

Од денеска областа на градот Милано станува зона за непушачи на јавни места, јавија италијанските медиуми.

Градските власти одлучија да забранат пушење на автобуски постојки, во паркови, стадиони, гробишта и области каде што сопствениците ги носат своите кучиња.

Одлуката е донесена во ноември минатата година, таа ќе стапи во сила денеска, а до 2025 година, се планира забраната да се прошири на сите отворени простори во градот.

Првично, забраната, им остава на пушачите можност да пушат на отворено, но само доколку се оддалечени најмалку 10 метри од другите луѓе. (МИА)

Коронавирус