вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 45
home Вести

Лондонската полиција од телефоните на албански дилери им испрати пораки на сите во именикот

Лондонската полиција од телефоните на албански дилери им испрати пораки на сите во именикот

Лондонската полиција испрати 2.000 СМС-пораки до лицата што се снабдувале со кокаин од една албанска наркогрупа, а со цел да им помогнат во борбата со зависноста. Во поголемиот број од случаите станува збор за вработени во лондонскиот финансиски центар, а нивните телефонски броеви полицијата ги пронашла во два одземени телефони од организирана криминална мрежа, пренесува „Дејли мејл“.

Според „Тајмс“, во пораката се наведува дека дилерите се уапсени и нивните „муштерии” се контактирани за да им се понуди помош. Пораката била проследена со линк, кој е посетен 1.852 пати во Британија, а каде се даваат совети и поддршка за корисниците на дрога.

Лондонската полиција следела 12 Албанци, кои беа уапсени со 1,2 килограм кокаин во вредност од 144.000 фунти и лажни документи, како и со 20.000 фунти во готово. Во последните 12 месеци им е изречена казна затвор помеѓу 25 и 64 месеци.

„Дејли Меил” пренесува дека двајцата водачи на групата, Бледар Понари (28) и Фјораљб Фера (21), имале осум курири кои продавале дрога во лондонскиот финансиски центар.