понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Лондон: Супстанцата со која е затруен Скрипал била во течна состојба

Лондон: Супстанцата со која е затруен Скрипал била во течна состојба

Нервниот агенс искористен за труење на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, бил во течна состојба и ќе бидат потребни месеци за да се отстранат сите траги од него, соопштија денеска британските власти.

Според британското Министерство за животна средина, на девет места им треба „чистење од стручни лица”, вклучувајќи го ресторанот што го посетиле Сергеј и Јулија Скрипал на 4 март, дента кога беа најдени во бессознание на клупа во парк во англиксиот град Салсбери.

Министерството наведува дека 190 специјално обучени војници ќе им помагаат на еколозите, здравствните работници и вработени во одбраната за „чистење на Салсбери“.

Според британските власти, Сергеј и Јулија Скрипал биле затруени со нервен агенс произведен во Русија, нанесен на рачката на вратата од нивниот дом.

Јулија Скрипал минатата недела беше отпуштена од болницата во Салсбери, додека нејзиниот татко се уште се наоѓа на болниќко лекување.

Коронавирус