понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Лондон со 60.000 фунти ќе ги помага семејствата на здравствените работници починати од Covid-19

Лондон со 60.000 фунти ќе ги помага семејствата на здравствените работници починати од Covid-19

На семејствата на вработените во британското здравство кои починале во текот на пандемијата на коронавирусот ќе им бидат испалтени по 60.000 фунти, или 66.000 евра, во рамките на новата програма за животно осигурување, објави британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

Според последните податоци Обединетото Кралство е меѓу земјите со најголем број починати од болеста Covid-19, има 21.092 смртни исходи како последица од зараза со коронавирусот кој го предизвикува споменатото респираторно заболување. Станува збор за бројка на починати лица во болниците, а доправа се очекува да се пребројат илјадниците смртни случаи во домовите за стари лица. Меѓу починатите се и 98 медицински работници и помошен медицински персонал, соопшто министерот за здравство во понеделникот вечерта.

„Владата воспоставува програма за животно осигурување на работниците на Националната здравствена служба (NHS) и нивните колеги во социјалната грижа. На семејствата на персоналот кој ќе почине во текот на нивната работа од клучна важност ќе им се исплаќаат 60.000 фунти“, рече министерот Мет Хенкок.

Програмата опфаќа семејства на оние коишто ќе починат од коронавирусот работејќи на спасување на животите на заболените, а вклучува и негувателки, негуватели, хигиеничарки и друг помошен персонал.

Таа се однесува само на персоналот во здравствениот систем во Англија, но здрастветени власти во Шкотска, Северна Ирска и Велс од централната влада во Лондон ќе добијат средства за слични програми.

Британската влада ангажираше илјадници скоро пензионирани медицински работници и студенти по медицина на завршните години, за да одговори на кризната состојба предизвикана од острото ширење на заразата со новиот коронавирус.

ЕУРО 2020

Македонија