вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Лондон пред карантин, градоначалникот најави сериозни мерки

Лондон пред карантин, градоначалникот најави сериозни мерки

Нови, построги мерки за спречување на ширењето на коронавирусот стапуваат на сила во Лондон од сабота, најави денеска градоначалникот Садик Кан.

„Вирусот се шири многу брзо во секој агол на нашиот град“, рече градоначалникот пред 25 члена на градското собрание.

Новите ограничувања од полноќ во петок ќе спречуваат милиони луѓе да се сретнат во затворено со луѓе од други домаќинства.

Ова се однесува на домаќинствата, како и на просторите како што се пабовите и рестораните.

„Никој не сака повеќе ограничувања, но сметаме дека е потребно да се спасат животите на лондончани“, додаде Кан.

Исто така, на лондончаните им се препорачува да избегнуваат јавен превоз доколку е тоа можно.

-Морам да им кажам на жителите на Лондон дека се соочуваме со тешка зима, рече градоначалникот Кан.

Надворешните собири се ограничени на шест лица. Со новите мерки, британскиот главен град е на второто од трите нивоа на системот за предупредување „ковид-19“.Неколку населби го надминале прагот од 100 нови случаи на 100.000 жители во последните неколку дена.Кан, Лабуристите и неколку здравствени експерти се залагаат за повторно воведување на карантин низ целата земја, но премиерот Борис Џонсон во моментов се држи до системот за предупредување на три нивоа како мерка против ковид-19.

Новиот систем има три нивоа на предупредување, „средно“, „високо“ и „многу високо“, во зависност од ширењето на вирусот, што ќе ги одредува мерките што треба да се применуваат локално.Досега во Британија починале 43.245 лица, најмногу во Европа, а заразени се над 657.000 лица.

-Работите прво ќе се влошат, пред да се подобрат. Но, јас знам дека ќе следува посветло небо и помирно море – дека генијалецот на науката ќе го најде својот пат и дотогаш мора да се согласиме,изјави министерот за здравство Мет Хенкок.

Одлуката на Британците значи дека двата најбогати европски града – Лондон и Париз – ќе живеат некое време во сенка на ограничувањата, додека вториот бран на коронавирус брзо се шири низ Европа.

Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека од сабота во Париз и некои други поголеми градови ќе стапи на сила ноќниот полициски час.Ова значи дека од овој викенд од 21.00 до 6.00 часот во неколку поголеми француски градови – Париз, Марсеј, Лион, Монпелје, Лил и Тулуз – рестораните, баровите, театрите и кината ќе бидат затворени во 21.00 часот.

Во текот на денот, животот нема да треба значително да се менува.

Коронавирус