сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Лондон е „целосно убеден“ дека Москва е вмешана во кибер напади

Лондон е „целосно убеден“ дека Москва е вмешана во кибер напади

Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Рааб, денеска изрази целосна убеденост дека Москва е вмешана во компјутерски напади насочени кон кражба на податоци за истражување од развој на вакцина против коронавирусот. Москва веќе ги негираше обвинувањата.

Во четвртокот, Велика Британија, Канада и САД обвинија група руски хакери кои работат „скоро сигурно во рамките на руските разузнавачки служби“ за обид да украдат истражувања од британски, канадски и американски организации за вакцина против новиот коронавирус.

– Апсолутно сме сигурни дека руските разузнавачки служби биле вклучени во компјутерскиот напад со цел саботажа или да ги искористат предностите од истражувањата и развој на вакцина“, рече Рааб за Скај њуз.

– Во време кога светот се обединува да се обиде да го запре Ковид-19 и да бара глобално решение со развој на вакцина, сметам дека е скандалозно и разочарувачко за руската Влада да учествува во оваа активност, рече Рааб и додаде дека Лондон ќе побара сметка од Русија.

Овие обвинувања беа категорично отфрлени од рускиот амбасадор во Лондон Андреј Келин.

– Јас воопшто не верувам во оваа приказна, нема никаква смисла, рече тој во интервјуто за Би-Би-Си денеска.

Рускиот дипломат рече дека првпат слушнал за тие хакери од британските медиуми.

Коронавирус