сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Лондон: Автомобил удри двајца пешаци пред џамија, не е тероризам

Лондон: Автомобил удри двајца пешаци пред џамија, не е тероризам

Британската полиција соопшти дека синоќешниот инцидентот во кој автомобил удри пешаци пред џамија во северозападниот дел на Лондон, а двајцата повредени се пренесени во болница, не е поврзан со тероризам.

Полицијата соопшти дека имало извештаи за тоа дека луѓето кои биле во автомобилот упатувале исламофобни коментари пред да се оддалечат од местото на инцидентот.

– Инцидентот не се третира како нешто поврзано со тероризам, но аспектот на судирот, кој се однесува на говор на омраза, детективите го истражуваат како отежнувачки фактор, соопшти лондонската полиција.

Во претходното соопштение полицијата наведе дека „возачот не застанал“.

– Во тек е потрага по него. Полицајците и натаму се отворени за сите верзии кога е во прашање причината на судирот, вели полицијата.

Според наводите на полицијата, се верува дека двете хоспитализирани лица не се во животна опасност.

Полицијата половина час по полноќ примила повик за инцидентот во лондонскиот кварт Брент.

Коронавирус