сабота, 15. август 2020. Вести денес: 64
home Вести

Лиу: Велика Британија се меша во внатрешните работи на Кина

Лиу: Велика Британија се меша во внатрешните работи на Кина

Кинескиот амбасадор Лиу Џиаоминг во Лондон денеска ја обвини Велика Британија дека се меша во внатрешните работи на Кина и дава несоодветни приговори откако во Пекинг беше усвоен законот за национална безбедност.

– Владата на Велика Британија продолжува да дава неодговрни забелешки поврзани со внатрешните прашања на Хонг Конг, истакна Лиу на видео прес-конференцијата.

Тој додаде дека Велика Британија изнела неоправдани обвиненија за Законот за национална безбедност.

Лиу наведе дека понудата на Велика Британија да им даде државјанство на жителите на Хонг Конг е „чекор што претставува тешко мешање во внатрешните прашања на Кина“. (МИА)

Коронавирус