среда, 30. септември 2020. Вести денес: 157
home Вести

Лимај: Тачи не е добар избор за водење на разговорите меѓу Пришина и Белград

Лимај: Тачи не е добар избор за водење на разговорите меѓу Пришина и Белград

Заменикот на косовскиот премиер и лидер на Иницијативата за Косово, Фатмир Лимај изјави дека косовскиот претседател Хашим Тачи не е добар човек за водење разговори меѓу Приштина и Белград.

Тој наведе и дека Владата се уште не донела одлука кој ќе ги води овие разговори, пренесува „Газета експрес“.

Лимај изјави дека неговата партија ќе има проблем ако овие разговори ги предводи Хашим Тачи.

– Ние бараме овие разговори да ги води некој во кој доверба имаат сите партии во Владата и Собранието на Косово, рече тој и додаде дека сите партии треба да го кажат своето мислење кога станува збор за дијалогот Белград-Приштина.

Лимај истакна дека „Харадинај зборувал во свое име“.

– Владата, Парламентот и другите партии се уште го немаат кажано своето мислење за тоа кој ќе ги води овие разговори, истакна тој и додаде дека Иницијатива за Косово од оној што ќе ги води разговорите ќе бара да поднесува извештаи за се што се случува во Брисел. (МИА)

Коронавирус