четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 146
home Вести

Ликуд бира претседател, во игра Нетанјаху и Саар

Ликуд бира претседател, во игра Нетанјаху и Саар

Израелската владејачка партија Ликуд денеска одржува примарни внатрепартиски избори, а ветеранот Гедеон Саар се надева дека ќе го смени премиерот Бенјамин Нетанјаху од претседателската функција.

Саар тврди дека ќе биде во подобра позиција да формира влада по парламентарните избори во март.

Нетанјаху останува популарен кај членовите на Ликуд, кои имаат само четворица лидери од основањето во 1970-тите.

Актуелниот премиер се очекува да оствари лесна победа над Саар, со што би се засилила неговата позиција пред претстојните избори.

Коронавирус