четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Вести

Ликот на Грета Тунберг на шведска поштенска марка

Ликот на Грета Тунберг на шведска поштенска марка

Ликот на младата шведска активистка за климата, Грета Тунберг се најде на нова поштенска марка во нејзината родна Шведска. Таа е во продажба од денеска.

Тинејџерката е прикажана како стои на карпа во жолт мантил, а над неа летаат ластовици. Илустрацијата е потпишана од Хенинг Тролбак.

Марката е дел од серијата наречена „Скапоцена природа“, а нагласката е на животната средина и еколошките цели поставени од шведскиот Парламент, соопшти поштенската компанија „Пост-Норд“.

Другите поштенски марки од истата серија покажуваат и знаменитости  за кои Парламентот утврдил дека се важни за заштита на животната средина. (МИА)

Локални избори 2021