сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 70
home Вести

Лидерот на ерменската опозицијата: Подготвен сум да ја водам државата

Лидерот на ерменската опозицијата: Подготвен сум да ја водам државата

Лидерот на ерменската опозиција Никол Пашинјан (42) изрази подготвеност да ја води државата, ден по оставката на премиерот Серж Саргасјан по 11 дена протести на опозицијата.

– Да, ние сме подготвени да ја водиме земјата. Ако народот ми довери одговорност, подготвен сум, изјави Пашинјан.

Саргасјан вечера поденесе оставка од местото премиер по протестите против неговото именување за таа функција.

Саргасјан, кој беше претседател на Ерменија од 2008 година до март оваа година, по истекувањето на претседателскиот мандат, неодамна беше именуван за премиер по новиот парламентарен систем, според кој, претседателските овластувања се ослабуваат во корист на владата, односно премиерот.

Опозицијата тоа го сметаше како потег кој ќе му овозможи на поранешниот претседател да остане неограничено на власт.

МИА

Коронавирус