недела, 29. март 2020. Вести денес: 22
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Лидерите на ЕУ на видео врска за борба со ширењето на коронавирусот

Лидерите на ЕУ на видео врска за борба со ширењето на коронавирусот

Лидерите на 27 земји-членки на Европската унија ќе разговараат денеска преку видео-врска за заеднички напори за борба против ширењето на пандемијата со новиот коронавирус и за ублажување на економските последици на здравствената криза.

Редовниот пролетен самит, закажан да се одржи во Брисел во четврток и петок, беше откажан поради кризата со вирусот, а наместо тоа, ќе се одржи видео конференција денеска попладне, главно фокусирана на тоа како да се справат со кризата и последиците.

Дискусијата ќе биде насочена кон четири приоритети: сузбивање на ширењето на вирусот; снабдување со медицинска опрема, особено респиратори и маски; поттик за истражување, особено за вакцина и за социо-економските последици.

Тоа ќе биде трета видео конференција посветена на координативните напори за борба против новиот коронавирус.

Членките ќе поддржат и одлука за отворање на преговори со Скопје и Тирана.